Жерновски: Ќе распишам референдум - ако граѓаните се согласат со задоволство ќе ги тргнам спомениците од Скопје 2014

Преку референдум Жерновски ќе бара одговор на прашањето дали ќе се дислоцираат спомениците дел од проектот Скопје 2014. Градоначлникот на Центар, вчера на новинарско прашање рече дека ќе ја почитува волјата на граѓаните

- Јас никогаш не сум кажал дека ќе ги урнам спомениците. За иднината на спомениците ќе одлучат граѓаните на референдум. Ќе треба докрај да се разгледаат опциите за распишувањето. Јас сум за референдум. Тоа е најсериозна опција за тоа, а ако граѓаните се согласат, јас тоа со задоволство ќе го сторам - изјави Жерновски.

најчитано сега