Патот Свети Николе - Пробиштип конечно блесна во ново руво

Пуштен е во употреба целосно модернизираниот регионален патен правец Свети Николе-Пробиштип во должина од 28 километри што досега не беше функционален. Станува збор за проект на Владата вреден 52 милиона денари што го реализира ЈП „Македонија пат“.
 
- За време на изборите дадовме ветување кое, не само што го исполнивме, туку и предвреме  го реализираме, сега, а не како што беше планирано во 2015 година, истакна премиерот Никола Груевски пред отворањето на делницата. 
 
ПРемиерот додаде дека многу години, оова беше земјен коловоз кој им претставуваше проблем на жителите, објаснувајќи дека делницата од патот меѓу селата Мечкуевци и Куково досега беше пробиена, со земјен коловоз, мала ширина и голем број нерамнини и препреки. Можеше да се помине само со теренско возило, а при врнежи од дожд патот беше целосно во прекин, Како што напомена, патот е целосно израмнет, тампониран и асфалтиран во должина од 5,5 километри и ширина на асфалтен коловоз 5,5 метри. 
 
На дел од овој патен правец, од приклучокот кај Свети Николе кон селото Немањица извршена е рехабилитација на посточекиот коловоз со негово приширување за 1,5 метар и е поставен целосно нов асфалтен слој во должина од 2 километра. За да се зголеми безбедноста на сообраќајот и патниот правец да биде функционален по целата должина од 28 километри, поставени се, рече премиерот, заштитени безбедносни огради на постоечките мостови и сообраќајни знаци, а е извршено и бележење со хоризонтална сигнализација на коловозот. 
 
- Со изградбата на делницата меѓу селата Мечкуевци и Куково се комплетира регионалниот патен правец и се овозможува директна и најкратка врска меѓу Свети Николе и Пробиштип, како и на сите населени места што гравитираат на овој пат во двете општини. Растојанието меѓу Свети Николе и Пробиштип ќе се скрати за околу 25 километри што освен за жителите, е предност и за развој на економијата во двата града, истакна Груевски.
 
Премиерот повтори дека Владата  посветено работи на изградба на патната инфраструктура и дека оваа година ќе биде заокружена со реконструкција и ревитализација на вкупно 136 километри регионални и магистрални патишта. 
10.11.2013 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега