„Суперлига“ на богати и моќни се гаси: Директорски оставки и насилни протести
Само 48 часа откако е основана, Суперлигата се распаѓа додека пак претседателот на Реал Мадрид се наоѓа пред огромен притисок поради пропаста.
Приватното натпреварување го започнаа 12 клуба - Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Милан, Интер, Јувентус, Реал, Атлетико Мадрид и Барселона - и сега многу од нив експресно бараат излез. Челзи и Манчестер Сити први објавија дека се повлекуваат од Суперлигата, а по нив може да следат Атлетико, Барселона и Манчестер Јунајтед.
Како се случи пресвртот и што ќе прават сега шефот на Реал, Флорентино Перез и шефот на Јувентус, Андреа Ањели, кои беа отпуштени како клучни луѓе на одметната група?
Доколку членовите на Барселона не ја прифатат едногласно Суперлигата, каталонскиот клуб, според последните информации од Шпанија, ќе се повлече од натпреварувањето. Затоа тој нема да плаќа пенали, бидејќи поранешниот претседател Лапорта ја вклучил таа клаузула во договорот со Суперлигата. Да потсетиме, токму основањето на Суперлигата беше важна тема за време за претседателската кампања во Барселона, а Лапорта ги загуби изборите.
Суперлигашите свикаа кризен состанок. За иднината на проектот ќе се дискутира утре во 11:30 часот.
На Твитер се шири непотврдена информација дека Андреа Ањели си поднел оставка на функцијата претседател на Јувентус. Клубот не ја потврдил оваа информација.
There’s still nothing confirmed by Juventus side about president Andrea Agnelli resigning rumours, at the moment. He’s also the vicechairman of the #SuperLeague. #Juventus
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 20, 2021
Ед Вудворд ќе се повлече од функцијата извршен потпретседател на Манчестер Јунајтед! Наскоро се очекува и Манчестер Јунајтед да се повлече од Суперлигата. Манчестер Јунајтед треба да ја потврди информацијата за заминувањето на Вудвард по затворањето на Њујоршката берза во 22 часот по средноевропско време.
Шпанските медиуми јавуваат дека Атлетико Мадрид исто така се повлекува од Суперлигата, додека Барселона одлучила да не учествува во натпреварувањето доколку членовите на собранието на клубот не бидат едногласни за поддршката на новата лига.
The scene at Stamford Bridge as it’s reported Chelsea preparing to withdraw pic.twitter.com/meZpntKiBc
— Miguel Delaney (@MiguelDelaney) April 20, 2021
Би-Би-Си пишува дека Челси и Сити се откажуваат од Супер лигата поради протестите на навивачите. Стотици навивачи се собраа пред „Стемфорд Бриџ“ вечерва пред натпреварот со Брајтон за да протестираат против учеството на лондонскиот клуб во Суперлигата. Протестот брзо се претвори во прослава, бидејќи навивачите добија вест дека Челси подготвува документација за излез од натпреварувањето и сака да го стори тоа што е можно побрзо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа