Се огласи сопругата на Ангеловски која се бори со Ковид 19: „Каде си тргнала, се уште не сум завршил со тебе“
Македонската фудбалска репрезентација завчера испиша историја. Во првиот натпревар со големата Германија победи во Дуизбург со 1-2.
Селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски победата во Дуизбург, како што изјави на прес-конференцијата ја посвети на сопругата, која се бори со Ковид-19.
„Морам да кажам дека мојата сопруга е болна од коронавирус, додека јас сум овде. Беше во тешка состојба, хоспитализирана во една од приватните клиники, ја пуштија пред некој ден... Така што морам да кажам дека оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка. Исто и за целиот медицински персонал кој се бореше за нејзиниот живот и со кризата“, рече нашиот селектор.
Подоцна се огласи и неговата сопруга која упати честитка до фудбалерите и посвети емотивна порака за својот сопруг.
„Сакам да Ви честитам за победата над четирикратниот светски првак Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму МАКЕДОНИЈА да ја прекине РЕСПЕКТ. Во овие Квалификации постигнати 9 голааа СЕКОЈА ЧЕСТ. Честитки до Стручниот штаб, медицинскиот тим и техничкиот персонал на А селекцијата, сите фудбалери на А селекцијата. Некои од нив за овие 5 години пораснаа во очите на Игор Ангеловски од голобради момчиња станаа мажи, татковци за прв пат горди и одважни свесни за уникатноста на нивните карактери. Сите овие момци се предводени од капитенот ГОРАН ПАНДЕВ, маркантна фигура, далеку пред своето време.
Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно си моето семејство. …неканет гостин кој ви го зема здивот. Се’ уште ми одѕунуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и крвните анализи.
„КАДЕ СИ ТРГНАЛА МАЛЕЧКА, ЈАС СЕ’ УШТЕ НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ТЕБЕ”?!
Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбирање и поддршка, без оглед на се’. Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца. Имајте мирно небо и здрави и живи вратете се дома“ – напиша Тања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа