ИСТОРИЈА: Пандев и Елмас ја покорија големата Германија

 

Македонската фудбалска репрезентација вечерва испиша историја. Во првиот натпревар со големата Германија победи во Дуисбург со 1-2.

Со голот во судиското продолжение од првото полувреме Пандев ја најави победата против поранешниот Светски првак. Германија израмни преку голот на Гундоган од пенал.

Македонија беше оштетена откако Емре Џан играше со рака во шеснаесетникот. Тимо Вернер не успеа да реализира зицер кога се најде сам пред голот на Столе Димитриевски.

Во 85-та минута Елмас стави точка на натпреварот со што испиша историја во првиот натпревар против Германија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2021 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега