ФОТО: Кој ќе го казни Ахмети за пушење во хотелот Александар Палас?

 

63.000 денари чинела вечерата која ја платил лидерот на ДУИ, Али Ахмети а на која на иста маса седеа со албанскиот премиер Еди Рама и неговиот најголем политички конкурент Мендух Тачи. Македонските медиуми кои известуваат на албански јазик објавија и фотка на која Ахмети пуши цигара во затворена просторија во хотелот Александар Палас.. Нема информации дали лидерот на ДУИ за ова ќе добие казна како и секој обичен граѓанин. Оваа фотографија на својот профил на Facebook Ја објави шефот на албанската влада Рама.

07.11.2013 - 19:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега