Земјотрес го стресе Скопје - епицентарот во Марино
Земјотрес со помал интензитет пред неколку минути го стресе главниот град и околината. Вознемирени читатели се јавија во редакцијата на Press24 барајќи повеќе информации. Според информациите кои ги објави Европскиот центар за сеизмологија, земјотресот во 18 часот бил со интензитет од 3 степени според европската макросеизмичка скала. Епицентарот е на 16 километри од центарот на Скопје во приградската населба Марино на длабочина од 5 километри.
Ова е втор земјотрес на територијата на Македонија во последните 3 дена. Вчера земјотрес со интензитет од 2,7 степени околу 18 часот беше почувствуван во Берово
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа