Скопјани краделе струја - ќе поминат 3 години во затвор
Основниот суд Скопје 1, ги осуди на вкупна затворска казна во траење од 3 години скопјаните А.А. ( 47 г.), Н.А. ( 19 г.) и Б.М. ( 33 г.) за кривичното дело - Тешка кражба. На 16 февруари 2011 година околу 01:30 часот во скопското село Огњанци, во месноста викана „ Евра “ тие заедно се обиделе да одземат еден 100 киловолтамперски трансформатор, сопственост на ЕВН Македонија. Додека Б.М. внимавал да не наиде некој, другите двајца обвинети, од бетонски столб на која се наоѓал трансформаторот го прекинале снабдувањето со електрична енергија, ги исекле каблите, го бутнале трансформаторот на земја и почнале да го демонтираат. Во моментот на извршување на делото биле фатени на лице место од локалната полиција.
Основниот суд го осуди А.А. ( 47 г.) на затворска казна од 6 месеци, Н.А. ( 19 г.) го осуди на затворска казна во траење од 2 години, а на обвинетиот Б.М. ( 33 г.) изречена му е алтернативна мерка - условна осуда, при што му утврдува казна затвор од 6 месеци и истовремено определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 2 – години, сметано од денот на правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Ова се втори затворски казни изречени за кривични дела тешки кражби и кражби на електрична нергија. Во август оваа година, Апелациониот суд ја преиначи предходно изречената условна казна затвор за скопјанецот М.С. и го испрати на одлужување на затворска казна во траење од една година поради кражба на електрична енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа