Новинарот Кежаровски пуштен во домашен притвор
Новинарот на Нова Македонија Томислав Кежаровски, кој неодамна доби затворска казна од 4,6 години, е пуштен во домашен притвор.
Така, речиси по шест месеци поминати во притвор, Кежаровски денеска конечно ќе си оди дома.
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлогот за укинување на мерката притвор определена против обвинетиот Томислав Кежаровски од Скопје поднесен преку неговиот бранител, со решение КОК-КР.бр.267/13 од 07.11.2013 година ја укина мерката притвор против обвинетиот Томислав Кежаровски и му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од 07.11.2013 година до правосилноста на пресудата КОК.бр.51/13 од 21.10.2013 година, односно до започнување со издржување на изречената казна затвор, се наведува во соопштението од Судот.
Инаку, Кежаровски беше осуден за издавање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во Ореше.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа