Бугарите на колена пред македонските младинци
Младата македонска репрезентација со 5-1 ја совлада Бугарија на меѓународниот турнир „Анталија Куп 2021“ во Турција.
Со головите на Методија Максимов, Марио Илиевски, Арби Воша и Берат Калкан македонските фудбалери го торпедираа голот на Бугарија.
Претходно на турнирот пропуштија победа против Словачка. Натпреварот заврши 2-2. Единствено загубија од Казакстан 1-2.
29.03.2021 - 20:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа