Влошена здравствената состојба на Кили - актерот западнал и во депресија
Адвокатот на актерот Кирил Поп Христов-Кили, ги добил наодите од Клиничкиот центаркои покажуваат дека поради влошената здравствена состојба, Кили западнал во депресија и има видна растроеност.
Како што пренесува порталот Плусинфо, адвокатот Владимир Данаилов изјавил дека денеска ќе оди да го посети актерот откако ги земал наодите кои како што вели се многу лоши.
- Денеска попладне ќе одам да го посетам Кили. Наодите се исклучително лоши и со лоша прогноза, колку што можев да разберам, му се препорачува итна хируршка интервенција, но за која поради сложеноста, нужно е да се направат дополнителни иследувања со магнетна резонанца и скен на коски. Во текот на оваа недела и во почетокот на другата недела, иследувањата по пат на приоритет ќе бидат комплетирани, со оглед на тоа што тие се нужно потребни за хируршката интервенција, по што итно ќе се утврди терминот за истата. Задоволни сме што поради лекувањето на Кили и на основа на наши уредни поднесоци, Судот редовно му обезбедува дозволи за посета на Клиничкиот центар. Здравствена состојба на Кили е лоша и може да кажам и дополнително влошена, особено по соопштувањето на наодите и лошите прогнози. Западнат е во депресивна психолошка состојба и растројство. Моја должност е како негов бранител, за оваа состојба да го известам Судот, изјавува адвокатот за Плсуинфо.
За потсетување, Кили беше уапсен откако во помошните простории на неговата викендица, беше пронајдена цела лабораторија за одгледување марихуана. Полицијата пронајде 80 саксии со марихуана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа