Вандали раскопале православни гробови стари два века во полошко Сенокесе
Засега непознати вандали во текот на минатата ноќ раскопале православни гробишта постари од два века во полошкото село Сенокосе.
Како што пренесе МИА, случајот денеска бил пријавен во полиција, а на терен веднаш излегле увидна екипа и специјалист по судска медицина. Три гроба биле делумно, а еден целосно раскопан.
- Покрај неколкуте коски, за кои судскиот специјалист утврдил дека се стари повеќе од двесте години, најдени се едно стаклено шише и три пластични чаши. Засега не располагаме со сознанија, зошто гробовите биле раскопани, но можно е сторителите да барале некакви драгоцености, изјави Јосифоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа