Астеруд гласала за Законот за заштита на сведоци според кој е осуден Кежаровски
Една од најгласните личности на протестот за пресудата на новинарот на Нова Македонија, Каролина Ристова Астеруд, гласала за законот за заштита на сведоци пжспоред кои е осуден новинарот.
Како што пренесе Курир, поранешната пратеничка и долгогодишен функционер на СДСМ, Астеруд, од листата на пратеници се гледа дека гласала за Законот за заштита на сведоци донесен во 2005 година според кој е осуден новинарот Кежаровски на затворска казна од 4,6 години.
Инаку, Законот беше донесен во 2005 година и во казнените одредби од член 42 се предвидува тој што спротивно на закон ќе ги оддаде: вистинскиот идентитет, домот, престојувалиштето на лицата од членот 2, став 1 точки 1,2,3 и 4 на овој закон, како и други информации што можат да доведат до нивна идентификација која би им го загрозила животот, здравјето, слободата, физичкиот интегритет или имотот од поголем обем на лицата од членот 2, став 1 точки 1,2,3 и 4 на овој закон ќе се казни со затвор од најмалку 4 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа