Пешевски на средба со шпанскиот амбасадор Де Галаинена

 

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Фернандо де Галаинена и Мариа Перез Моро, советник за економија и трговија.

Како што информираат од кабинетот на Пешевски, за време на средбата се дискутирало за подобрување на меѓусебните економски и политички односи, а двете страни покажале голем интерес за оваа тема.

- Беа презентирани предностите за инвестирање кои се нудат во технолошко - индустриските развојни зони, како и мерките и активностите кои Владата ги презема за севкупно подобрување на бизнис климата во Република Македонија. Вицепремиерот Пешевски, исто така, изрази желба за натамошно унапредување на економските односи со Кралството Шпанија, стои во соопштението.

На средбата станало збор и за поддршката од Шпанија за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

07.11.2013 - 14:57
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега