Археолозите открија значајни археолошки објекти во Љубаништа
Во локалитетот „Рајца – Манастирите“ во атарот на охридското село Љубаништа откриени се поголем археолошки објекти. Се работи за остатоци од средновековна црква, изградена од камен и варов малтер, како и уште еден објект на ранохристијанска базилика кои ги пронашле стручни екипи на Заводот, при последните археолошки истражувања на локалитетот во Љубанишко Поле.
Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска базилика изграден од камен, малтер и редови тули. Објектот е со широчина од 13 метри, а во тек е истражувањето на должината за која се претпоставува дека е над 17 метри. Исто така на самите ѕидови откриени се и фрески. На втората локација за време на истражувањата откриен е дел од еден поголем, комплексен објект, кој според претпоставките на археолозите, е од профан карактер кој најверојатно временски припаѓа на доцната антика.
Инаку, локалитетот „Рајца“ се наоѓа во Љубанишко Поле, во западното подножје од ридот на кој се наоѓа селото, веднаш до патот за авто кампот „Љубаништа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа