Маскиран крадец со пиштол украл 200.000 денари од спортска обложувалница во Скопје
Крадците не запираат. Ограбена уште една спортска обложувалница во Скопје.
Во текот на вчерашниот ден, околу 21 часот и 30 минути, во спортската обложувалница „Златна Копачка“ лоцирана на улицата Маџари, засега непознат маскиран и вооружен разбојник, влегол внатре, му се заканил на вработениот, 19-годишниот Ф.К. и успеал со себе да однесе 200.000 денари.
Полицијата работи на случајот.
07.11.2013 - 12:01
Фото:
Комуникација
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа