Пронајдено безживотно тело на маж во училиште во струшко

Во кругот на основното училиште „Мурат Лабуништа“ во струшкото село Лабуништа било пронајдено безживотно тело на маж.

Како што пренесе МИА, се работи за стружанец кој бил вработен како служител во училиштето. Бидејќи по завршувањето на работното време човекот не се вратил дома, неговото семејство утринава започнало да го бара, а кога дошле во училиштето за жал го пронашле неговото мртво тело.

Од полицијата пренесуваат дека врз телото на починатиот нема траги од насилство.

 

07.11.2013 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега