ОМД го поздрави создавањето на Меѓународното македонско лекарско друштво
Обединетата македонска дијаспора го поздрави создавањето на Меѓународното македонско лекарско друштво кое беше основано во септември годинава.
- Наша должност како македонската дијаспора е да помогнеме, на било кој начин, и да придонесеме во подобрувањето на условите на Македонците ширум светот, било да е тоа во однос на надворешната политика или медицината, се вели во соопштението од ОМД.
Меѓународното македонско лекарско друштво е растечка организација на медицински ентузијасти и здравствени професионалци посветени на промоцијата и подобрувањето на здравјето и благосостојбата на локалната заедница, со посебен осврт кон потребите на македонската заедница. Целите на организацијата се промоција на професионалните стандарди на своите членови, обезбедување форум за професионална и социјална размена меѓу членовите и континуирана медицинска едукација. Друштвото е основано од страна на двајца истакнати членови на македонската дијаспора, д-р Зоран Бечваровски од Сиднеј и д-р Борис Каранфилов од Колумбус, Охајо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа