ВИДЕО: Среден прст, навредио и пцовки- Конте и Ањели имаа своја војна

 

Тренерот на Интер, Антонио Конте за време на вчерашниот меч против Јувентус влезе во војна со својот поранешен работодавец, Андреа Ањели. 

Мечот меѓу Јувентус и Интер заврши без голови, но имаше многу тензија и на теренот и надвор од него. А посебно жесток беше дуелот меѓу тренерот на Интер, Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

По крајот на првото полувреме одејќи накај тунелот, Конте му го покажа средниот прст на Ањели.

По крајот на мечот Ањели од трибините му довикуваше на Конте: „Одеби, замолчи шупаку“.
На прес конференцијата по мечот Конте му држеше лекција по добро однесување на Ањели.
„Мислам дека тие треба да бидат покултурнии. Треба да се однесуваат поспортски ии да имаат повеќе поит. Со тоа што тој го кажува не ме навредува само мене, туку го навредува и Јувентус“, изјави Конте.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2021 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега