ФОТО: Трудницата која прегази девојка со својот Мерцедес е сопруга на познат фудбалер

 

Трудницата која вчера со својот луксузен автомобил усмрти млада девојка е сопруга на познат фудбалер.

Како што дознава српскиот Курир, 31-годишната трудница Јована Јоловиќ е сопруга на фудбалерот на Земун и OФК Београд, Никола Јоловиќ.

За потсетување, трагедијата се случи во саботата околу 22 часот кога трудната Јована со својот луксузен автомобил Мерцедес ја прегази 22-годишната Сања Тодоровиќ. 

-Девојката со нејзина роднина ја преминуваше улицата на пешачки премин. „Мерцедесот" неочекувано излезе и налета на неа, по што телото на девојката одлета педесетина метри. Јоловиќ го запре автомобилот и излезе. Го зеде мобилниот телефон и некого повика, а потоа избега од местото на несреќата, иако тоа со закон е забрането. Веројатно испаничила и отишла кај сопругот, бидејќи живеат во близина, вели за српски Курир извор во истрагата.

Фудбалерот вели дека неговата сопруга е во многу лоша состојба.

-Мојата сопруга е во многу лоша состојба, доживеа голем шок. Многу и' е жал поради трагедијата која се случи. И таа и јас жалиме поради смртта на девојката, тоа е навистина голема несреќа. Животот на Јована се промени за секунда, не знам што повеќе да кажам, вели фудбалерот Никола Јоловиќ.

Таткото на трагично загинатата девојка вели дека не го интересира ништо бидејќи неговата ќерка повеќе ја нема: - -Мене не ме интересира чија жена е, дали е бремена или не, дали возела брзо или бавно, бидејќи мојата Сања повеќе ја нема. Судот може да ја осуди на колку години сака, мене тоа ништо не ми значи. Таа жена мене ми го извади срцето од градите, вели Живко додека цврсто ја држи фотографијата од својата ќерка.

04.11.2013 - 13:42
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега