Успешно опериран охриѓанецот кој го нападна мечка - еве ги деталите за несреќата

 

Во атарот на селата Песочан и Ново село, во текот на вчерашниот ден мечка нападна ловџија од Охрид.

Како што пренесува Курир, се работи за 65-годишниот  Б.А. кој заедно со своите пријатели тргнал на лов кога одеднаш му се нафрлила мечка и го нападнала. Ловџијата успеал да испука еден куршум кон разбеснетото животно, со што ги алармирал и другите ловџии, кои притрчале да му помогнат и веднаш ја повикале полицијата.

Охриѓанецот бил опериран цели 4 часа, и за среќа операцијата поминала успешно.

04.11.2013 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега