Тргнал кон болница - несовесен возач го прегазил со цистерна и избегал
Пред три дена се случи трагедија во Кавадарци кога несовесен возач на цистерна усмрти маж и избега од местото на настанот.
Како што јавува Дневник, се работи за 81-годишниот Стојан Р. кој тргнал кон болница, кога на него налетал камион цистерна со нафтени деривати управуван од 55-годишниот K.Р. кој го прегазил старецот и избегал од местото на настанот како ништо да не се случило.
Инаку, по несреќниот настан, полицијата ги запирала сите возила кои се упатиле кон Неготино, и тогаш го запрела и К.Р. кој возел цистерна, при што било откриено дека тој го прегазил пешакот, по трагите крв кои ги имало на неа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа