Снег го одложи натпреварот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао
Раководството на шпанската Ла Лига претпладнево официјално го одложи денешниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао поради обилните снежни врнежи во престолнината.
Натпреварот меѓу актуелниот лидер во шпанското првенство и деветтопласираниот Билбао требаше да се игра од 16.15 часот, а новиот термин ќе биде утврден дополнително.
Поради снежното време што зафати големи делови на Шпанија, аеродромот „Барахас“ во Мадрид од синоќа е затворен.
Екипата на Атлетик полета во петокот попладне кон главниот град, но експедицијата се врати во Билбао, откако авионот не успеа да слета на мадридскиот аеродром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа