Насилници од Скопје претепале малолетник за мобилен телефон
На улицата „Стогово“ во Скопје, во училишниот двор на СУГС “Лазар Танев“, четири разбојници го нападнале 15-годишниот Ф.К. од Мралино.
Насилниците го удирале малолетникот со боксови и му одземале мобилен телефон вреден 100 евра. Разбојништвото се случило на тој начин што откако разбојниците го сретнала младото момче и му го побарале телефонот, а тој одбил да им го даде, го однеле зад игралиштето од училиштето, го нападнале, ограбиле и заминале во непознат правец.
Полицијата трага по сторителите.
02.11.2013 - 13:32