Аријан Адеми е фудбалер на годината во Хрватска

 

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е најдобар играч во 2020 година во Хрватска, покажа анкетата на „Т-Портал“ во која гласаа капитените, пренесува Гол.мк

Предводникот на хрватските „модри“ победи во анкетата со вкупно 66 бода, дваесет повеќе од второпласираниот Мијо Цакташ од редовите на Хајдук. Третото место му припадна на Франко Андријашевиќ од Ријека.

„Мислам дека нема поголемa чест и задоволство кога ќе те изберат за најдобар играч и тоа луѓе кои ја прават истата работа што ја правиш и ти. Овој трофеј ќе има посебно место меѓу моите признанија“, изјави Адеми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега