Почина легендарниот Паоло Роси- на Италијанците им донесе најголема радост
Паоло Роси, човекот кој ја донесе титулата светски првак во Италија на Светскиот куп во 1982 година, почина на 64-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Паоло Роси ја освои Златната копачка на СП 1982 како најдобар стрелец, но и Златна топка, како најдобар играч на СП во Шпанија, а Италија беше светски шампион.
Роси ја помина целата своја кариера во Италија, и беше казнет со тригодишна забрана за учество во местење на натпревари, познат како „Тотонеро“, но тој секогаш негираше дека е вмешан. Поради ова, тој не беше омилен меѓу Италијанците.
Неговата забрана беше укината по две години, па тој се врати во Италија точно на време за да го освои Светското првенство и да стане херој на нацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа