Ахмети: Не верувам дека ДУИ ќе му даде поддршка на Иванов за нов претседателски мандат

Ако не можам да го решам проблемот со името, сигурно можам дополнително да ја комплицирам ситуацијата. Мојот авторитет не треба да се потценува. Јас не работам зад грб, за моите посети во Вашингтон и Брисел знаеја сите, имаше опструкции од македонските телевизии, граѓаните не се информирани, но ние сме поблиску од било кога за да го решиме прашањето за името. Ако треба ќе се затвориме воедна соба и нема да излегуваме без да го решиме ова прашање”, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата “На патот кон…” на телевизијата Алсат-М.

Во продолжение ви презентираме дел од дијалогот меѓу Ахмети и водителот Мухамед Зекири Кое го пренесе Либертас.

Зекири: Вие сте во еден автомобил, Груевски врти накај исток, вие накај запад?!
Ахмети: Ние не сме во ист автомобил, туку во ист авион и тој авион ќе слета во Брисел!

Зекири: Кога? Ќе ви се потроши керозинот!
Ахмети: Имаме голем резервар. Ако Филе е директор на музеј, и ако Белата Куќа е музеј тогаш да, и моите патувања се туристички. Ако не се реши проблемот со името до декември, Македонија ќе биде изолирана, ќе нема пари од европските фондови, луѓето ќе бараат пасоши од Бугарија, Албанија, ние ќе имаме стари 85 годишни гласачи.

Зекири: Дали им предлагате на Албанците да земат албански пасоши?
Ахмети: Не , но тие ќе бараат алтернатива. Македонските медиуми вршат терор врз граѓаните, во овие преговори не се чепка идентитетот и јазикот, туку само името и тоа за надворешна употреба.

Зекири: Односите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не се баш сјајни. Дали се ова сигнали кои водат кон предвремени избори?
Ахмети: Нема идеални односи ниту во една мала фамилија, меѓутоа има и дијалог и консенсус. Имаме разлики кога се работи за законот за медиуми, закон кој што нема да го гласаме, и баравме за тој закон да се дискутира после декември. Ние мислиме дека изборите не нудат избор, но ако нема напредок – после декември не ја исклучувам можноста да се дискутира за предвремени избори.

Зекири: Дали згрешивте што го поддржавте Иванов ?
Ахмети: Не можам да кажам дека сме згрешиле. Од него не видовме ниту лошо ниту добро.

Зекири: Дали ќе го поддржите повторно доколку ВМРО – ДПМНЕ реши да го кандидира повторно?
Ахмети: Не верувам.

31.10.2013 - 23:36

најчитано сега