Пандев: Доживеав на 38 години да одам на ЕП, што можам повеќе да посакам

 

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев искажа благодарност за пречекот на граничниот преми Блаце на владината делегација на чело со премиерот Зоран Заев по историскиот пласман на Европско првенство.

„Ви благодариме на пречекот во овие утрински часови. Уште ние фудбалерите немавме учество на Европско првенство па еве и ние конечно се израдувавме. Се уште не сме свесни што направивме и колку е ова навистина огромен успех. Доживеав на 38 години да одам на Европско првенство и тоа е мојата најголема радост. Знам дека поминавме долг пат за да дојдеме до ЕП, но верував во овие момци уште од самиот почеток, дечките навистина го заслужија ова“ – истакна Пандев пред собраните медиуми.

 Авионот со кој Македонската фудбаалска репрезентациј требаше да пристигне во Скопје, поради густата магла беше пренасочен на аеродромот во Приштина.

Македонската репрезентација вчера ја совлада Грузија во Тбилиси со 1:0 и за прв пат во својата историја избори пласман на завршницата на едно големо натпреварување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега