Вајс си поднесе оставка по историскиот меч: Македонија беше подобра ѝ посакувам многу среќа на ЕП
Словакот Владимир Вајс, селекторот на Грузија ѝ честиташе на Македонија за пласманот на Европското првенство догодина низ Европа, признавајќи дека вечерва црвено-жолтите беа подобри и заслужено го добија историското финале за настап на континенталниот шампионат.
„Сите се надевавме дека ќе победиме, но загубивме. Ова е моја одговорност, но таков е фудбалот. Вечерва Македонија беше подобра од нас, заслужено победи во финалето, оди на ЕП и јас им посакувам многу среќа. Ние имавме само еден шут во голот и тоа е премалку. Мојата работа завршува тука, остануваат уште двата меча во Лигата на нации. Жално е што вака завршува“, рече Вајс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа