Тркалезна маса за улогата на локалните власти

 

Претставници од министерствата, на локалните самоуправи и од граѓанскиот сектор денеска на тркалезна маса дебатираат за улогата на локалните власти во остварувањето на националните приоритети.

Заменик-министерот за локална самоуправа Ѓоргија Сајкоски информира дека целта на овие тркалезни маси е да се добие јасна претстава за поставеноста на системот на локалната самоуправа во Република Македонија во однос на остварување на стратешките приоритети на национално ниво, но и во однос на целите на ЕУ дефинирани во Стратегијата-Европа 2020. Овие тркалезни маси, како што рече, се еден од инструментите предвидени во методологијата, за следење на имплементацијата на владината програма која ги дефинира целите во оваа област во периодот 2011-2014 година.

- Системот на локалната самоуправа е исклучително комплексен од аспект на широка лепеза на надлежности, на области во кои постои поделеност на одговорностите меѓу локалната и централанта власт, финансирањето, примената на принципите на добро управување..., рече Сајкоски.

Исто така и Душко Миновски од Комисијата за заштита и спречување дискриминација истакна дека неопходно е да имаат канцеларии низ Македонија за да го промовираат концептот за антидискримација до сите граѓани и да работат на претставки. - Најнеопходно ни е Министерството за локална самоуправа, локалната самоуправа, ЗЕЛС...Можеме да ги користиме овие институции, новата локална администрација и формираните комисии за еднакви можности меѓу мажите и жените, додаде Миновски.

30.10.2013 - 13:13

најчитано сега