Ја убил сопругата па си пукал во глава

 

Милосав Ивановиќ (56) по кратка расправија со пушка ја убил својата невенчана сопруга 38 годишната Далиборка Миличевиќ во нивната куќа во Крушевац, Србија, па сам си пресудил.
Како што пренесуваат српските медиуми, убиството се случило вчера во 11:30, кога Милосав со истрел од пушка ја погодил Далиборка во главата. Потоа влегол во гаражата и пукал во својата глава.
Како што пишуваат српските медиуми, мотив за убиството најверојатно е љубомора.
Мислав и Далиборка имале три малолетни ќеркќи. Далиборка сакала децата да го поведе во Австрија каде што имала роднини, со што Милсоав не се согласувал.
Тој биле поранешен осуденик. Од затвор излегол пред 20 години од кога живее со Далиборка. Таа била негова четврта жена. Со претходнтие имал 3 ќерќи кои живеат во Швајцарија и Италија

30.10.2013 - 11:33

најчитано сега