Уште еден удар за српскиот тенисер - УС опен ја соопшти новата казна за Ѓоковиќ
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е казнет со вкупно 17.500 долари, објавија организаторите на УС Опен.
Србинот е казнет по две основи. Првата казна е 10.000 долари за неспортско однесување кога со топка удру линиски судија, за што беше дисквалификуван.
Втората казна е 7.500 американски долари бидејќи тој не дошол на прес-конференција.
Претходно, на Ѓоковиќ му беше одземена парична награда од 250.000 долари, која ја заработи влегувајќи во осминафиналето.
08.09.2020 - 12:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа