Шиповиќ ќе биде испорачан во Македонија по Нова Година
Екстрадицијата на Мирослав Шиповиќ најверојатно ќе потрае уште најмалку два месеци. Прогнозите кои Press24 ги објави уште на денот на апсењето на Шиповиќ добија потврда и од неговиот адвокат Стерјо Зиков. Тој за Утрински весник вели декацелата постапка ќе потрае најмалку уште 2 месеци и покрај тоа што за испорачување на Шиповиќ во Македонија нема никакви правни пречки. Адвокатот останува на ставот дека Шиповиќ не треба да биде во притвор бидејќи не само што не се дал во бегство, туку кога разбрал дека се бара во земјава, сам се вратил во Македонија.
Мирослав Шиповиќ е првоосмничен во аферата Претседавач. Полицијата го сомничи за криминал тежок еден милион евра.
28.10.2013 - 10:08