Јакимовски: Дали тетката на Андреј Петров е во притвор и зошто?
ГРадоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски излезе со реакција на денешната прес-конференција на СДСМ.
-Во момент кога СДСМ не знае кој, всушност, ја води партијата, дали е тоа Зоран Заев, дали Радмила Шеќеринска, дали пратениците или Бранко Црвенковски, нивната советничка група одлучува да држи конференција за печат и тоа преку најнекредибилната личност, Магдалена Несторовска. Истата советничка која во Општината доаѓа со „кампањола“, службено возило на Министерството за одбрана, во момент кога половина од нејзините другари од МО се со кривични пријави, таа „држи лекции“ за наводни долгови и несовесно работење. Ако ја интересира каде се парите од продажбата на старото училиште „Братство“ (старата општинска зграда), нека прошета низ општината, нека ги види градинките „Пролет“ во Козле и во Влае, нека ја види изградбата на новата фасада на зградата на улицата Никола Парапунов и дузина други инфраструктурни зафати кои се во тек“, реагира Јакимовски на денешната прес-конференција на Несторовска.
Јакимовски порачува, наместо СДСМ да ја дефокусира јавноста со лаги за Општината, да одговори дали е вистина дека тетката на нејзиниот член Андреј Петров, која до скоро беше потпретседател на СДСМ, е во притвор и зошто?