Драма во воздухот - им се расипа авионот на српските претставнички на Евровизија

Годинашните претставнички на Србија за избор за песна на Евровизија, групата „Моје три“, доживеале вистинска драма во авинот со кој што летале во Малме. Според „Блиц“ додека летале авионот се расипал, но за среќа Невена, Мирна и Сада останале живи и здрави, а непријатниот настан завршил добро.   

-Имавме мали проблеми. Летавме со авион на „Јат“. Кога стигнавме во Копенхаген ни рекоа дека има мал дефект на авионот. По неколкучасовно чекање за да се поправи дефектот, повторно полетавме, изјави за Blic.rs Драган Илиќ, шеф на српската делегација.

За време на летот, постојано имало напнатост меѓу патниците, и сите се прашувале дали се е во ред со авионот. Откако слетале, со локален авион се упатиле кон Малме, каде ги дочекале организаторите. Девојките биле уплашени и уморни, но сепак успеале да ја задржат насмевката на лицето.  

 

најчитано сега