Шеќеринска направила вистински хаос на Бихаќка
Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќринска направила вистински хаос на Бихаќка пишува поратлот Охрид Скај кој важи за близок до опопзицијата. Според информациите објавени таму, Шеќеринска создала голем раскол меѓу пратеничката група и централата на Бихаќка, а причина, според ОхридСкај е нејзинта желба да доминира во партијата. Порталот пишува дека таа ја користи зафатеноста на Заев да инсталира свои кадровски решенија во локалните партиски ограноци и се обидува на секој начин да ја дистанцира пратеничката група од било какво влијание во партијата. Шеќеринска, според Охрид Скај изигрува „медиумски џелат“ и се обидува да ги позиционира медиумите и да влијае врз нивната уреднувачка политика.
Во својата анализа опозицискиот медиум вели дека Шеќеринска според ситуацијата на терен ја донела партијата пред уште еден извесен пораз бидејќи направила раздор меѓу членството. Од друга страна според ОхридСкај заминк претседателката на СДСМ реално, нема никаква моќ, бидејќи нема поддршка меѓу членството.
“Како е возможно Рада со неколку мешетари, кој немаат компас каде се не прошетале по партиите, кодоши со тапија , сега да глумат “Радмиловисти“?! Зарем Радмила е на толку големо мислење дека може да раскрсти со Бранко Црвенкоски, но и дека може да покрене народ?! Нека проба Радмила да организира протест , нема да може да собере ни 30 автобуси од цела Македонија , а камо ли нешто повеќе, додека Црвенкоски телефонски може да собере колку што сака и каде што сака народ , тоа е разликата помеѓу Лидер и ученик, пишува Охрид Скај