Латас: Томислав Кежаровски е партиски случај - терајте си го во СДСМ
До пред некој ден, МАН, доминантна и најголема асоцијација на новинари во република Македонија го поддржуваше овој процес во смисол дека Томислав Кежаровски треба да се брани од слобода, дека треба да му се обезбеди фер судење како на граѓанин и дека треба да се внимава да не добие пресуда заради напишан збор, туку судот исклучиво да се води од кривичниот законик.
Ова го вели уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ-Латас во Дневникот во 16 часот.
-По изрекување на пресудата, работите се сменија, случајот Томислав Кежаровски сега е партиски случај. Зошто? СДСМ, соросоидите и истите луѓе кои гледате 20 години слобода за Шипо, слобода за Кежаровски, слобода за овој министер на СДСМ, слобода за оној министер на СДСМ, дури се обидоа да направат физички инцидент, на денот кој е национален празник во Репиблика Македонија, тоа е денот на нашата борба, во средата за среќа инцидент немаше. Прво, затоа што беа малку, а второ затоа што полицијата не го дозволи тоа. Од тука натаму тој случај е партиски случај, очигледно е дека Кежаровски во замена за својата слобода дозволил или несакајќи бил ставен во ситуација да биде предмет и да биде оружје на социјалдемократите во нивната опозициона борба, вели Латас.
Тој вели дека не е тоа првпат да биде така. И во случувањата во Собранието, потенцира Латас, одеднаш социјалдемократите откако нивните се покажа дека немаат кредит и дека правеа организиран инцидент, се фатија зошто новинарите биле отстрането од салата.
-Томислав Кежаровски од денес за нас е партиски случај, терајте си го во СДСМ, тој со новинарите веќе ништо заедничко нема. Не Томислав Кежаровски, случајот пред надлежните судови против Томислав Кежаровски. Дозволи семејството, дозволи оној кој влијае врз него да биде ставен во партиска машина, нека понатака живее партиската судбина на машината на која и припадна, вели Латас.