Јованка Броз ќе биде погребана утре со воени почести

 

Вдовицата на Јосип Броз Тито ќе биде погребана утре во 12 часот. Јованка ќе биде погребана во Куќата на цвеќето во Белград, со сите државни и воени почести.

Јованка Броз почина во неделата на 89 годишна возраст во клиничката болница во Белград.

Таа е родена во 1924 година, а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кого живееше до неговата смрт во 1980 година.

Јованка по смртта на Јосип Броз Тито живееше во скормни услови во белградската населба Дедиње.

25.10.2013 - 15:40

најчитано сега