Вештаците потврдија: Хрватската актерка спиела и не носела појас за време на несреќата

 

Судските вештаци кои ја анализираа несреќата во која животот го загуби хрватската актерка Долорес Ламбаша, потврдија дека убавата актерка спиела кога се случил трагичниот настан и не носела појас, иако досега се тврдеше спротивното.

Како што пренесува Јутарни Лист, судскиот вештак за возила, Горан Хусинец вели дека збунува фактот дали актерката имала појас на себе. Со дополнителните анализи ќе се утврди дали има траги од ткаенина која ќе се најде на појасот ако глумицата била врзана со него.Тој истакнува дека при таков удар на појасот секако ќе останат траги од ткаенината, доколку некој на себе имал појас.

По положбата на задното седиште е заклучено дека глумицата спиела во кобниот момент, а бидејќи при спиење мускулите се опуштени, често се случува при удар патникот да излета од возилото, особено ако има мала маса како и актерката.

Инаку, хрватската актерка почина пред неколку денови на автопатот А3, а погребот ќе биде денеска во нејзиниот роден крај во 16 часот.

25.10.2013 - 14:43

најчитано сега