Гостиварчанец ја претепал сопругата пред очите на малолетното дете

 

Гостиварчанка во полиција пријавила семејно насилство. Се работи за 27-годишната А.М. кога на полициските службеници им раскажала дека била малтретирана од страна на својот 34-годишен сопруг, С.М. 

Според жената, сопругот претходниот ден дошол во нивниот дом, најпрво започнал расправија, а таа кулминирала кога тој физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото.

На целиот настан сведок било и нивното малолетно дете кое се вмешало и го прекинало насилството.

Сопругот веднаш бил повикан на разговор во полициска станица за делото кое го направил.

 

25.10.2013 - 12:59
Фото: 
денешен.мк

најчитано сега