Сите жени во животот на Јосип Броз Тито
Првите години од владеењето на Јосип Броз Тито строго се казнувало доколку некој пишувал за жените во неговиот живот. Првата жена на лидерот на СФРЈ била преубавата Русинка, Пелагија Бјелоусова со која Тито се венчал во Сибир во 1921 година. Децата кои ги имал со неа починале уште како мали, а потоаим се насмеала среќата па добиле уште еден син кој го крстиле Жарко. По разводот со Тито, убавата Русинка се омажила за Русин со кого добила две деца, пренесе Актуелно.ме.
Тито се оженил и втор пат со Германка по име Луција Бауер, на која ова исто така и бил втор брак, а првиот и траел помалку и од година. Третата жена во животот на Тито е Хертом Хас со која со која се запознал во Париз и добил и син. Оваа врска се распаднала бидејќи тој ја изневерувал со својата лична секретарка во тоа време. Се работи за Србинка која Тито ја сакал, па затоа и многу пател по нејзината смрт.
Потоа, следувале неколку авантури со познати жени, меѓу кои и позната руска глумица по која Тито ја изгубил главата и постојано и праќал црни рози.
Тито и четврти пат се оженил овојпат со Јованка Броз. Познатое е дека четири години пред смртта тој се раздели од неа и дека ја изневерувал со многу жени.