Уште едно скопско училиште мета на крадци - украдени 61 лап топ компјутери

 

Крадците не запираат. Уште едно училиште во Скопје остана без компјутери. Се работи за основното училиште Стив Наумов во Гази Баба каде крадец влегол среде ноќ и успеал да однесе 61 лап топ компјутери.

Според податоците од полицијата, кражбата е извршена на тој начин што крадецот влегол преку прозорец ноќта меѓу 23 и 24 октомври, па од металните орманчиња ги одзел компјутерите со полначи за нив, и избегал во непознат правец. 

Полицијата трага по него.

25.10.2013 - 10:13
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега