Уништување на последните залихи од касетна муниција на Криволак
На „Криволак“ денеска ќе се реализира уништување на последните количини од залихите на касетна муниција.
На настанот кој е во рамките на исполнување на обврските кои Република Македонија ги има како земја потписничка на Осло-конвенцијата за забрана на касетната муниција, ќе присуствуваат амбасадорката на Германија во Република Македонија Гудрун Штајнакер, региналниот директор на Норвешка народна помош, Емил Јеремиќ, преставници од воено – дипломатскиот кор во Република Македонија, од Министерството за одбрана на Република Македонија и од Армијата на Република Македонија.
25.10.2013 - 09:06
Фото:
Журнал.мк