Пешак велосипедист и мотоциклист повредени во две сообраќајки во тетовско

Две сообраќајки се случиле вчера во Тетовско при што се повредени три лица.

Како што пренесе МИА, со потешки телесни повреди се здобил 76-годишниот велосипедист Ф.Ш. од тетовското село Палатица откако синоќа околу 23 часот пред училиштето во селото кон него налетал автомобил марка „Мерцедес“ со германски регистерски таблици управуван од страна на 22-годишниот соселанец  А.Ј.велосипедистот со тешки повреди е пренесен на скопските клиники.

Во вториот случај,  сообраќајка се случила на улицата „Радован Цониќ“ во Тетово околу 18 часот при што моторцикл со скопски таблици управуван од 27-годишниот В.З од Желино удрил во 29-годишниот пешак З.А од Теарце.

- Во несреќата, моторциклистот задобил тешки телесни повреди (фрактура на рамо), додека пешакот завршил со телесни повреди. Двајцата биле префрлени во тетовската клиничка болница и по укажаната помош пуштени се на домашно лекување, изјави Јосифовски. 

Полицијата изврши увид.

24.10.2013 - 16:48

најчитано сега