„Голф“ прегази пешак во Струга

 

76 годишниот стружанец А.Л. заработи тешки повреди во сообраќајна незгода која се случила утрово во Струга.

Според тетовската полиција, во стружанецот удрил автомобил „Голф“ зад чиј волан бил 37 годишниот А.Р. од струшко Теферич.

А.Л. веднаш бил пренессен во болницата „Св. Еразмо“, каде бил задржан на понатамошно лекување. 

Надлежните екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

24.10.2013 - 13:54

најчитано сега