Фудбалерот прекина со третата девојка која му роди син, таа објави дека е бремена
Фудбалерот Хесе Родригес освен по својата фудбалска кариера во јавноста е познат и по бурниот приватен живот.
Шпанските медиуми пишуваат дека дошло до крај на љубовта меѓу него и манекенката Јанире Барм со која има син, а таа објави дека повторно е бремена.
-Мама секогаш ќе биде со вас. Ме научија дека никогаш не знаете колку сте силни додека тоа не стане единствена опција, напиша таа под фотографија со својот син, додека држи тест за бременост кој е позитивен.
Гласините за прекинувањето на врската ги покрена и самиот фудбалер кога пред неколку дена објави фотографија од синот.
-Животот не е лесен, но не плашете се, никогаш нема да бидете сами. Вашите проблеми се и мои проблеми, напиша тој на Инстаграм.
Се чини дека историјата се повторува бидејќи тој веќе има три сина од претходните врски, а врските со нивните мајки завршија речиси на ист начин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа