Турски фудбалер си го уби 5-годишниот син - причината шокантна
Нова шокантна приказна ни пристигна од Турција во која дефанзивецот на Бурсаспор, Сехер Токташ, призна дека го убил својот петгодишен син.
Таткото на 23 април бил хоспитализиран со дете на кое му бил дијагностициран коронавирус. Момчето било пренесено на интензивна нега поради симптомите на Ковид-19, а починало два часа подоцна во присуство на неговиот татко. Лекарите дознале дека смртта на детето настанала по тешка респираторна компликација, што е типичен знак на коронавирус.
Сепак, вистината беше далеку полоша, откако 11 дена подоцна, Токташ се пријавил во полициската станица и раскажал како го задавил детето.
Ставив перница на лицето на син ми кога лежеше на грб. Ја притиснав перницата без да ја кренам 15 минути додека мојот син се бореше за живот. Кога престана да дише, ја подигнав перницата. Потоа ги викнав на лекарите да ми помогнат за да отфрлам било какво сомневање, призна фудбалерот, а потоа уште повеќе шокираше:
Никогаш не сум го засакал мојот најмал син, уште од неговото раѓање. Не знам зошто не го сакав. Единствената причина зошто го убив е затоа што не го сакав, но немам ментални проблеми.
Триесет и едно годишниот фудбалер веднаш заврши зад решетки и му се суди за доживотен затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа