Објавен датум за реваншот во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Лион

 

Излезе официјален датум за едно од преостанатите полуфиналиња во Лигата на шампионите. Јувентус и Лион треба да го одиграат реваншот на 8 август. Првиот натпревар во Франција го добија домаќините со 1:0.

УЕФА е заинтересирана да стави крај на клупските турнири, а почетокот на август треба да се совпадне со крајот на локалните првенства.

Францускиот медиум „РМЦ“ цитира извори од европската централа, кои велат дека утрово се одржала средба помеѓу службените лица на раководното тело и претседателите на водечките европски земји.

Според овие извори, УЕФА ја објавила својата намера вториот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Лион да биде на 8 август, под услов да има безбедност за играчите.

Сепак, сè уште нема јасност за форматот за преостанатите кола и дали тие ќе останат на два натпревари до крајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега