Мистериозното русокосо девојче го нема на листата на исчезнати деца на Интерпол

 

Мистериозното русокосо девојче Марија кое беше пронајдено во ромски камп во централна Грција, не е на листата на исчезнати деца на Интерпол на која има 610 деца.

Ова откритие ги натера локалните власти да утврдат дека Марија најверојатно завршила во ромскиот камп по Фарсала по неуспешно илегално посвојување во соседна Бугарија, во периодот од 2008 до 2010 година.

Грчката полиција од денеска трага по ромска двојка од Бугарија, за која осудените Роми од Фарсала тврдат дека им ја оставиле Марија.

22.10.2013 - 12:30

најчитано сега