Сама си влегла во кола за да покаже каде има забава во Скопје - ја однеле на Водно

 

Девојката која наводно била грабната кај Меѓуградската автобуска во Скопје, всушност, сама влегла во автомобилот. Како што информира полицијата, вчера околу 17 часот таа била пресретната од две непознати лица кои до неа застанале со автомобил марка Форд Фиеста со скопски регистерски таблички. Тие и рекеле дека не се од Скопје и ја прашале дали сака да дојде со нив за да им каже каде се најдобрите забави во Скопје. Девојката влегла во автомобилот а договорот биле да одат во Парк. Но наместо во паркот, тие ја однеле на Водно. Возејќи по планината во еден момент застанале по што девојката побегнала и пријавила во полиција. Полицајците излегле на терен и ги привеле двете машки лица а се најавува и соодветна пријава

22.10.2013 - 11:46

најчитано сега